[Видео] Животот на жените од руралните средини

Јелиз Абдиева Абдураманова и Нермине Изаири се жени кои потекнуваат од рурални средини, но успеале со напорна работа и труд да постигнат многу во својот живот.

Видеото, во продукција на Хелсиншкиот комитет за човекови права, го прикажува секојдневието и потешкотиите на овие две жени со кои тие се соочуваат, но и на позитивните искуства поврзани со нивното образование, работа и приватен живот.

Во видеото дополнително се анализира генералната состојба на жените од руралните средини и се даваат препораки за подобрување на истата.

Видеото е изработено во рамки на проектот ,,Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија.