[Видео] Упатство за ученици и родители за користење на Националната платформа за онлајн учење

На Јутјуб каналот „MON-LMS“ денеска беше поставено видео упатство наменето за ученици и родители за начинот на кој ќе се користи Националната платформа за учење на далечина.

Во упатството е претставен изгледот на платформата, а детално се објаснети и сите постепени чекори за провото најавување на неа.

Во видеото е прикажан и профилот на кој ќе се најавуваат учениците, каде што ќе биде прикажан распоредот на предмети и настани.

Видеото е подготвено од д-р Николче Шулевски, професор по германски јазик во СОЕУ „Јане Сандански“ Битола, кој е национален обучувач за платформата.

На каналот претходниве денови се поставени и повеќе други видео упатства наменети за наставниците за управување со календарите, мејловите, или пак сервисот ЕДУИНО на платформата, како и упатство за работење со видео конференциските врски преку Мајкрософт Тимс, споделување на учебни материјали, додавање на книги и поставување на задачи и квизови.

Сите видеа може да ги најдете ОВДЕ.