[Видео] Тоалетите во Стив – хорор филм!

К[Видео] Тоалетите во Стив - хорор филм!ако некоја сцена од хорор филм изгледаат тоалетите во женската зграда од студентскиот дом „Стив Наумов“. Студентите кои живеат во оваа зграда постојано се жалат, но имаат чувство дека се заборавени од институциите, а игнорирани од медиумите.

Чешмите од кои голем дел не работат, личат како да се поставени за систем „капка по капка“,  цевките  од кои постојано тече вода, но и лошата култура на одредени студенти ја влошуваат атмосферата во тоалетите во оваа зграда.

Но и ова не е се – страшна миризба во вечерните и утринските часови се шири низ целиот студентски дом, додаваат студентите.

Е.П.