[Видео] Стотици пластични шишиња „пливаат“ во полниот Вардар

Дождот репризно го преполни основното корито на реката Вардар. Дел од кејот во центарот на Скопје беше под вода, особено во близина на МНТ и од спротивната страна, а стотици шишиња во разни бои патуваа по реката.

Рушевините и железаријата од градежните зафати во централното подрачје, пак, кога врне служат како брана и ги собираат сите пловни амбалажи и кеси. Така се насобира нова депонија – колекција отпад што редовно плови накај Егејот.