[Видео] Со пукање во воздух талибанците прекинаа протест на шест Авганистанки кои бараа право на образование

Талибанците денеска пукаа во воздух и го прекинаа протестот на шест млади Авганистанки кои бараа да се почитува нивното право на образование, пренесува „Данас“.

Околу 8 часот по локално време, жените се собраа пред гимназијата за девојки во источниот дел на Кабул и истакнаа транспарент на кој пишуваше „Не политизирајте го образованието“.

Околу 10 вооружени талибанци интервенираа и ги турнаа девојките кон вратата на училиштето. Еден од нив го одзеде транспарентот на девојките, додека другите се обиделе да ги спречат странските новинари да го снимаат инцидентот.

Демонстрантите се засолниле во училиштето, а талибанците ги ловеле снимателите и фотографите обидувајќи се да им ги одземат камерите.

Новата талибанска влада во Авганистан на 8 септември ги забрани сите демонстрации во земјата.