[Видео] Што се случи со скијачкиот центар Кожуф?

На Фејсбук страницата на ски-центарот Кожуф, е објавено видео во кое се објаснува што се служуваше изминатите години со најголемиот зимски центар во Македонија. Сопственици на објекти во ски- центарот сметаат дека поради намерата да се отворат рудници, претходната власт им го затворила за сообраќај патот што води до нивните објекти.

Како што изјави пред десетина дена Ангел Наков, регионалниот пат од Смрдлива вода до ски – центарот Кожуф бил пушен за сообраќај во декември 2013 година, за четири месеци подоцна да биде затворен за сообраќај. Поради патот е стопирана и изградбата на скијачкиот центар Кожуф од 2012 година, потсетуваат сопствениците кои бараат од Владата веднаш да го оспособи регионалниот пат и да покрене постапка за одговорност.

Видеото насловено „Вистината за Кожуф“, погледнете го во продолжение