[Видео] Шпанците на улиците го прославија укинувањето на вонредната состојба

Шпанците на улиците во градовите ширум земјата вчера го прославија укинувањето на вонредната состојба и полицискиот час,  воведени поради пандемијата со коронавирусот кои беа на сила шест месеци, пренесува „Н1“.

Во Мадрид полицијата мораше да растера толпа млади луѓе од главниот плоштад каде се забавуваа, а голем број тинејџери и повозрасни лица славеа исто така на плоштадите и плажите во Барселона.

Рестораните се повторно отворени и ќе работат до 23 часот, но со ограничување на бројот на гости на 30% од капацитетот и најмногу четири лица на маса. Со укинувањето на вонредната состојба, се укинати и забраните за патување во регионите на Шпанија, а многу мерки во однос на социјалните собири се олеснети.

Само во 4 од 19 региони и понатаму е на сила полицискиот час.

Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Шпанија во изминатите 14 дена се намали на 198 нови случаи на 100.000 жители, иако Мадрид и северниот дел на Баскија имаат повеќе од двојно поголема стапка на зараза.