[Видео] Нова, трета сезона на #Инста(нт) вести

Се враќаме со нова, трета сезона од брзите вести за млади – #ИнстантВести 3.0, овојпат со поинаков концепт.

Откријте кои беа најбројните пребарувања оваа недела на македонскиот Гугл, откако Владата ја „замрзна“ цената на лебот на 33 денари.

Со меѓународни експерти за сајбербезбедност разговаравме за анонимните дојави за бомби. Од првата дојава за бомба на 26 октомври досега стигнале закани на преку 1.000 различни локации. Во потрагата од кое ќоше на матриксот доаѓаат нападите, освен нашето МВР, се вклучија и НАТО, Интерпол, Европол…

Ве мачи есејот за државната матура? Обратете ѝ се на вештачката интелигенција. На учениците ќе им биде дозволено да користат содржини направени од алатката „ChatGPT“ во нивните есеи, соопштија од Организацијата на Меѓународна матура.

Отсега, #ИнстантВести се достапни на Фејсбук, Инстаграм и ТикТок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)