[Видео] Нова сезона – стари проблеми за македонските ски центри

Во новиот влог на „РесПублика“, гостуваат Крсте Блажевски-Хотам и професорот Ивица Милевски.

Од осамостојувањето на Македонија речиси секоја власт најавува инвестиции во нови скијачки центри. Заедничко за сите е што бомбастичните планови се презентираат без никаква анализа за влијанието врз животната средина или за хидрометереолошките услови на избраните локации.

За секоја планина се реплицираат физибилити студии, реализација – нема. Во исто време веќе постоечките ски центри остануваат со старите проблеми и без никаква инвестиција.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии