[Видео] Поскапувањето на струјата ќе ги стемни општините, спас се гледа во Владата

Владата да ги покрие високите сметки за електрична енергија на општините и да ги запише училиштата и општинските згради како домаќинства, бара ЗЕЛС во новиот видео-подкаст на Республика.

Градоначалникот на Ѓорче Петров вели дека ако не им помогнат, општината нема да може да им излезе во пресрет на граѓаните. Градоначалникот од Центар, пак, е мирен до мај, до тогаш е потпишан договорот за струја. Сите се согласни дека на локалната самоуправа ѝ е потребна поголема децентрализација.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.