Анализа: За една година нови 100 милиони евра долг на државните институции, општини, јавни претпријатија…

Драматичен раст на долговите на јавните претпријатија – за за само три месеци пораснале доспеаните а неплатени обврски и на јавните претпријатија и државните фирми, долговите ги зголемиле и општините и јавните здравствени институции. Заклучно со 2021 та вкупните доспеани а неплатени обврски на државните институции, јавните претпријатија, министерствата, општините, државните фирми, надминаа 391 милион евра – со раст и во однос на третиот квартал и во однос на состојбата на крајот од 2020 та. “ Порталб.мк. “ ги анализирана најновите податоци за долговите.

Кои сектори колку должат…   

Вкупните доспеани обврски на се што значи институција под “државна “ и “општинска“ капа на крајот од 2021 година се прближија до 400 милиони евра. Министерството за финансии ги објави сумираните годишни податоци за должничката позиција и состојба на 1063 институции – од нив 700 пријавиле доспеани а неплатени обврски на крајот од третиот квартал. На новата должничка листа со пријавени неплатени обврски има 60 -на институции помалку во однос на листата од третиот квартал од 2021 та.

“Порталб“ направи споредба на состојбите во четвртиот во однос на третиот квартал од годината – вкупните  доспеани а неплатени обврски се зголемени за 62,1 милион евра, што претставува значаен пораст за само три месеци.

                                               Доспеани а неплатени обврски

Трет кавртал 2021                                           329 443 384 евра

Четврти квартал  2021                                    391 571 450 евра

Подрастичен пораст на неплатените обврски има кај Јавните претпријатија и фирми со државна сопственост  чиј долг достигна 179,2 милиони евра – со раст од 54,6 милиони евра за само три месеци. Пораст има и кај долговите на општините – доспеаните а неплатени обврски достигнаа скоро 69 милиони евра, долгот на општинските јавни претпријатија се зголемија на 58,4 милион евра.

                                       Доспеани а неплатени обврски

ЈП и Државни фирми                            179,2 милион евра

Општини                                                    68,9 милион евра

Јавни здравствени установи                 67,8 милион евра

Општински јавни претпријатија          58,4 милион евра

Раст на доспеаните а неплатени обврски има и во здравството – на крајот од минатата година институциите, односно болниците, клиниките,  пријавиле долг во износ од скоро 68 милиони евра.  Кај “буџетските корисници од прва линија“,  во кои спаѓаат министерства и одредени државни институции, регистрирано е позначајно намалување на долговите на 9,5 милион евра.

Неплатени камати, застанати комунални сметки, неисплатени плати…        

Во новата должничка листа пријавени се милионски долгови по различен основ а највисоки суми на доспеани а неплатени обврски има за градежни работи, камати за кредити,  купување на материјали и ситен инвентар, за плати, договорни услуги.

Конкретно, на крајот од 2021 та по основ на “договорни услуги“ обврските изнесуваат 37 милиони евра, по основ на комунални услуги, греење, комуникација и транспорт  52 милион евра, доспеаните а неплатени обврски за материјали и ситен инвентар достигнаа 51 милион евра а за плати, придонеси, надоместоци  изнесуваат 9,3 милион евра. За каматни плаќања кон домашни кредитори доспеаниот долг изнесува 22,5 милион евра а за градежни објекти 38,2 милион евра.

На првите три места, според висината на доспеаните а неплатени обврски се наоѓаат АД „Македонски енергетски ресурси“ со износ од 82,7 милион евра, АД МЖ „Транспорт“ – Скопје со долг од 64,9 милион евра и општина Тетово чиј долг достигна 13,5 милион евра.

Не само на квартално ниво, вкупните доспеани а неплатени обврски драматично се зголемени и во однос на состојбата на крајот од 2020 та година.

                           Доспеани а неплатени обврски

Декември 2021                                391 571 450 евра

Декември 2020                                 288 805 451 евра

На крајот од декември 2021 та во споредба со состојбата во декември 2020 та, вкупните доспеани а неплатени обврски се зголемиле за 102,7 милиони евра. Во следната анализа “Порталб “ ќе објави податоци за долговите на општините, болниците, клиниките, јавни претпријатија, државните фирми.

Извор: Порталб