[Видео] „Мона Лиза“ испрскана со шлаг во климатски протест

„Мона Лиза“ вчера била испрскана со шлаг откако посетител на музејот Лувр се обидел да го скрши заштитното стакло кое ја чува најпознатата светска слика.

Сторителот бил маскиран во стара жена во инвалидска количка пред да скокне од количката и да ја нападне сликата, пренесе Ројтерс.

„Можеби ова ми е само мене лудо. Тој шлапна колач во стаклото и фрлаше рози насекаде пред да биде совладан од обезбедувањето“, објави авторот на видеото од последиците од инцидентот на кое се гледа како еден од вработените во музејот го чисти заштитното стакло.

Лувр засега нема информација за инцидентот.

Во друго видео објавено на социјалните мрежи исто така може да се види вработено лице како завршува со чистење на стаклото пред друг човек да ја отстрани инвалидската количка која ја користел сторителот пред ремек делото на Леонардо Да Винчи.

„Размислете за планетата, луѓето ја уништуваат Земјата“, вели човекот на француски, маскиран со перика во друго видео кое покажува како е отстранет од парискиот музеј, што покажува дека инцидентот има еколошка позадина.