[Видео] Млади со вело-марш потсетија дека во Струмица постојат велосипедски патеки  

Младински образовен форум (МОФ) за одбележување на Денот на планетата земја објави видео од настанот „Вози велосипедизам, немаш планети пет“, инициран од членовите на Клубот за активизам на МОФ во Струмица.

Акцијата имаше за цел да ја подигне свеста за искористување на велосипедските патеки во Струмица, а притоа се одржа и велосипедски марш.

Настанот се организираше во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.