[Видео] Климатски активистки со супа ја испрскаа сликата на Мона Лиза во Лувр

Еко-активисти со супа ја испрскаа сликата на Мона Лиза во музејот Лувр во Париз, повикувајќи на одржливо производство на храната, односно на промовирање на „правото на здрава и одржлива храна“, јавува Гардијан.

Сликата сепак не е оштетена поради заштитното стакло.

Посетителите на галеријата беа шокирани за време на акцијата на двете активистки кои ја истурија супата пред да се искачат под бариерата на сликата.

Една од активистките ја соблече јакната за да ја покаже пораката на бела маичка на која имаше слоган на еколошката активистичка група „Riposte Alimentaire“.

Вработените во Лувр брзо се обидоа да ја покријат акцијата и делото со црни банери, но не успеаја ефективно да го блокираат погледот врз акцијата.

Еко-активисти изведоа акција врз сликата на Мона Лиза и во мај минатата година кога го испрскаа делото со шлаг за торта.