Минимален напредок на Самитот против загадување од пластика во Париз

Петдневниот самит против загадувањето од пластика во Париз заврши со едногласна спогодба да се детализира првиот нацрт на Меѓународниот договор за проблемот до ноември, јавува „Euronews“.

Одлуката на самитот, кој е под покровителство на Обединетите Нации, дојде по опсежни преговори на делегати од 175 земји.

Третиот состанок на Меѓународниот преговарачки комитет (INC) треба да се одржи во ноември во Најроби, Кенија, со цел да се потпише дефинитивен договор до крајот на 2024 година.

За дваесет години, годишното производство на пластика е дуплирано и изнесува 460 милиони тони.Ако ништо не се преземе, до 2026 година бројката може тројно да се зголеми.

Земјите мораат да постигнат договор и покрај различните амбиции и притисок од страна на одредени индустрии.

По следниот состанок во Кенија, преговорите во април 2024 година ќе продолжат во Канада, а ќе завршат во Јужна Кореја кон крајот на 2024 година.