Англија ја забрани пластиката за еднократна употреба

Пластичните предмети за еднократна употреба, како што е приборот за јадење, чашите и чиниите ќе бидат забранети во Англија со цел да се намали загадувањето со пластичен отпад, потврди британската влада, јави „Гардијан“.

Бројките сугерираат дека Англија секоја година користи околу 1,1 милијарди чинии и 4,25 милијарди парчиња пластичен прибор за јадење од кои само 10% се рециклираат на годишно ниво. Студијата открива дека пластичните предмети кои се употребуваат за храна за носење и пијалаци го сочинуваат најголемиот дел од океанскиот отпад.

Забраната на пластичните предмети за една употреба во Англија беше најавена од секретарката за животна средина Тереза Кофи во декември минатата година, по што следуваше период на консултации пред да се утврди мерката.

„Ние веќе презедовме големи чекори да се справиме со загадувањето од пластичен отпад во последниве години, но знаеме дека има уште работа. Оваа забрана ќе биде од огромно влијание за да се спречи загадувањето од милијарда парчиња од пластика и ќе помогне да се заштити природата за идните генерации“, изјавила Кофи.

Вакви слични забрани започнаа да воведуваат и Шкотска и Велс, а британската влада веќе ги забрани пластичните цефки за еднократна употреба, мешалките и стапчиња за уши во 2020 година

Сепак, како што информира „Гардијан“, се чини дека ваквата мерка не е сеопфатна. Иако со ова ќе се забранат пластичните чинии и прибор за храна и пијалаци во рестораните и кафулињата, пластичните материјали ќе се продолжат да се продаваат во супермаркетите.