[Видео] Јасно и гласно: До каде сме со прифаќањето на ЛГБТИ луѓето во нашето општество

Инспирирани од последниот извештај на најголемата ЛГБТИ организацијата ИЛГА – Европа, тема на денешната дискусија „Јасно и гласно“ е (не)прифаќањето на ЛГБТИ луѓето во нашето општество. Кои се проблемите на оваа навистина разнолична група, со какви предизвици се соочуваат, но и колку навистина се почитуваат основните човекови права на луѓето со различна сексуална ориентација или родов идентитет.

Гости во оваа емисија се Елена Петровска од Коалиција Маргини, Зорица Николова, психолог и менаџерка на Сигурната куќа за ЛГБТИ лица и Давид Тасевски, псиголог и извршен директор на Субверзивен фронт.