Гнев откако се затворија ЛГБТИ чет соби на „ВиЧет“ во Кина

Онлајн згаснувањето на профили на социјални мрежи кое се случило со ЛГБТИ профилите на кинески студентски кампус, поттикна гнев, солидарност и протест против однесувањето на властите кон сексуалните малцинства во земјата, пренесува „Гардијан“.

Бројни „ВиЧет“ профили кои биле во сопственост на ЛГБТИ студенти биле блокирани, а потоа избришани без предупредување. Дел од профилите биле на студенти, а дел на неофицијални „грас-рут“ групи. Тие функционирале со години и претставувале безбеден простор за ЛГБТИ младината, а во нив членувале илјадници лица.

Обидите профилите да профункционираат биле пресретнати со предупредување дека профилите се згаснати поради нивната содржина и релевантни жалби. Останатите пораки велеле дека профилите ги прекршиле регулациите за менаџирање на профили кои нудат јавни информации на кинескиот интернет.

Згаснувањето го потврдило стравот од кинеската нетолерација за активизам и сексуалните малцинства, чија состојба константно се влошува. Со нетолеранција се пресретнуваат и феминистички групи, но и индивидуалци кои решиле да се борат против дискриминацијата.

На „Вибо“, во објава од група студенти од Универзитетот Фудан, било потврдено згаснувањето на профилите, по што објавата станала премногу споделувана.

„Беше возможно да создадеме безбеден надворешен канал за комуникација, но засега таа е преку „ВиБо“ и приватни „ВиЧет“ групи.

Многу од коментарите на „ВиБо“ биле набрзо избришани, a многумина гневно реагирале на цензурата. „Секоја љубов заслужува да биде видена и почитувана“, се велело во еден од коментарите.

„Не ми се верува дека ова се случува во 2021 година, не ми се верува дека ова се случи на универзитети – институции кои се сметаат дека имаат пионерски дух и ги учат луѓето на толераниција и почит“, гласел друг коментар.

Кинеските социјални медиуми рутински цензурираат содржина која сметаат дека е политички или културолошки деликатна, но е нејасно дали ваквите одлуки доаѓаат од владите или пак се донесени внатрешно, базирани врз генералните владини ставови.

Неделава, згасна и „ВиБо“ профилот на Жу Ксијанхуан, популарна како Шанзи, која била суспендирана на една година поради злоупотреба на регулациите за користење на популарната кинеска мрежа. Шанзи е значајна фигура на кинеската верзија од #MeToo движењето, која го обвинила својот колега, популарен водител, за сексуално злоупотребување.

Феминистичката активистика Зионг Јинг изјавила дека ваквите згаснувања се силен сигнал дека властите не поддржуваат ништо надвор од меинстрим вредностите“.

„Феминистичките и ЛГБТИ организации се гледани како организации кои имаат влијание од западните вредности и се манипулирани од странски сили, па гледани се како непријатели. Ова не е само хомофобија, туку и политичка стигма против невладините групи и студентски организации“, додала таа.

Хомосексуалноста во Кина била нелегална до 1997 година, а била класифицирана како ментална болест до 2001 година. И додека јавната прифатливост и комерцијалната заработка од ЛГБТИ заедницата расте, властите немаат направено ништо за системска поддршка.

Во 2015 година, кинески режисер ја судеше државната администрација со цел да дознае која е причината за повлекување на документарец за геј лица од локалните платформи за стриминг. Тој го доби случајот.

Но активистите велат дека просторот за активизам во Кина станува помал во последните неколку години. Во 2019 година, „ВиБо“ ги избриша сите коментари и објави кои го содржеа хаштагот #лес, кој реферирал на лезбејки. Корисниците на „ВиБо“ исто така пријавиле дека во нивните описи не можат да го користат знамето на виножитото.