[Видео] Јапонија лансираше вселенско летало кое треба да слета на Месечината

По четири обиди, Јапонија успешно лансираше ракета со вселенско летало кое треба да слета на Месечината, пренесува „Би-Би-Си“.

Леталото, ако сѐ оди како што треба, се очекува да се обиде да слета на Месечината во февруари следната година.

Јапонското вселенско летало е проектирано да слета на 100 метри во близина на кратерот Шиоли од страната свртена кон Месечината. Во рок од четири месеци се очекува да влезе во орбитата на Месечината, а потоа ќе помине еден месец кружејќи околу неа пред да се обиде да слета во февруари.

Мисијата што чини 100 милиони американски долари треба да ја демонстрира способноста на Токио да слета лесно, вселенско летало на лунарната површина.

Ракетата покрај вселенското летало го носи и сателитот за рендгенска слика и спектроскопска мисија (XRISM), што е заеднички проект меѓу јапонската, американската и европската вселенска агенција.

Сателитот, кој содржи телескоп голем колку автобус, се одвои од вселенското летало за да орбитира околу Земјата. Тој сега ќе започне да ги проучува вселенските феномени како што се црните дупки.

Обидот на Јапонија да стигне до Месечината е петти по ред, по САД, Русија, Кина и Индија.

Пред две недели Индија направи историски потег, откако успешно слета на површина во близина на јужниот пол на Месечината.