Денес полета првата 3Д-печатена ракета

Првата речиси целосно 3Д-печатена ракета полета за првпат утринава од космодромот Кејп Канаверал во Флорида.

„Теран 1“ е ново вселенско летало на „Релативити Спејс“, високо 34 метри и со околу 85% од компонентите произведени со помош на 3Д принтер.

Од компанијата изјавиле дека нивната цел била повеќе од 95% од масата на ракетата да биде испечатена.

Вивнувајќи се од комплексот 16 во американската вселенска станица, „Теран 1“ издржа само неколку минути во небото и потоа падна назад на Земјата.

Иако мисијата не беше успешна до крај, летот сепак претставува значаен успех за „Релативити Спејс“.

Прво назначената точка што требаше да ја мине леталото се нарекува „Max-Q“. Тоа е моментот на почетокот на лансирањето каде аеродинамичниот притисок и другите сили на моторот се најголеми. Поминувањето на оваа точка го утврди интегритетот на 3Д-печатените составни делови на ракетата.

„Ова е најголемиот доказ за нашиот нов пристап на производство на компоненти. Денес имаме голема победа, со многу историски моменти. Ќе ги процениме податоците за летот и ќе обезбедиме јавни ажурирања во текот на следниве денови“, изјавиле од компанијата.

„Релавити спејс“ во моментов скицира многу поголема ракета наречена „Теран-Р“ со капацитет да издржи 20 тони на слична височина која треба да биде лансирана во 2025 година. За разлика од неговиот претходник „Tеран-Р“ ќе може целосно да се користи, односно и двата дела од кои е создаден ќе може да се вратат на Земјата и ќе може да се соберат за повторно летање.