Почина Волтер Канингам, последниот астронаут од мисијата Аполо 7

Американскиот астронаут Волтер Канингам, последниот преживеан член на мисијата Аполо 7 на НАСА почина на 90-годишна возраст, јави „Би-Би-Си“.

Аполо 7 беше првата мисија на НАСА што со екипаж во 1968 година се приклучи од вселената и емитуваше телевизија во живо од орбитата. Аполо 7 која траеше 11 дена ја оствари телевизиската емисија што подоцна доби и „Еми“ награда. Само година дена подоцна, Аполо 7 го отвори патот за Аполо 11 – првото слетување на месечината.

Волтер Канингам беше еден од тројцата астронаути избран за првиот вселенски лет со екипаж во програмата Аполо. Тој беше пилотот на леталото.

Американската вселенска агенција ја потврди смртта на Канингам и изјави дека тој бил „инструментален за успехот на програмата за слетувањето на месечината“.