[Видео] Илјадници студенти протестираа пред Влада

„Студенти, студенти, независи и силни“ „Нема правда, нема мир“ беа слоганите со кои илјадници студенти по третпат излегоа на протест, овојпат пред Влада со цел да го искажат нивното незадоволство за воведување на државниот испит во високото образование. Со фрлање на копии од Уставот, тие порачаа властите да го прочитаат.

„Студентите досега учеа од професорите, но сега професорите учат од студентите. Затоа ова нема да им поминe, рече Артан Садику во име на Професорскиот пленум.

Студентите воедно најавија нов протест во понеделник, но пред Собрание.