[Видео] #ФЕМуабети – Како да се зборува за феминизам

„Живееме во капитализам, неговата моќ се чини неизбежна – но во минатите времиња, неизбежна се чинела и боженствената моќ на кралевите. Луѓето можат да ѝ се спротистават на секоја човечка моќ и да ја променат. Отпорот и промените често започнуваат во уметноста“ – Урсула Ле Гвин.

Зборовите се пренесуваат и во најразлични форми, романи, раскази, поезија, драми, и анонимни сведоштва.

Во 2020 се одржа премиерата на „Мојот маж“, претстава по збирката раскази на Румена Бужаровска, а во 2021 се одржа и премиерата на претставата „Работи за кои не зборуваме“, базирана на анонимни сведоштва.

И во двете претстави, во режија на Нела Витошевиќ, преку зборовите се бара промена од досегашните болки, трауми и срамови во нашето современо, но сепак традиционално општество.

Заедничко и за двете претстави е тоа што во нив се испреплетува и феминистичката нишка, но и дел од актерската екипа.

Во оваа епизода од #ФЕМуабети ни гостува актерка која глумеше во двете претстави – Сара Климоска, а со неа откриваме како да се зборува за феминизам.

Благодарност до Драмски Театар – Скопје за отстапениот простор.