„Wonderland Theatre“ собира лични приказни за претставата „Работи за кои не зборуваме“

Болка, траума, срам, осуденост, злоупотреба, безизлез, параноја, несоница, неприфатеност, лажна насмевка, крварење, изгубен апетит, брзо возење, тресење под јорган, голтање апчиња, повраќање во шолја, зјапање во празно, плачење под наочари, бегство, триење под туш, губење здив, заглавеност во момент од животот…

​„Дали имате некоја приказна која ви тежи и ве прогонува, а сѐ уште не сте собрале храброст да ја раскажете?“, прашуваат од „Wonderland Theatre”, кои започнуваат со подготовки на нова претстава „Работи за кои не зборуваме“.

„Базирана на наши и ваши лични искуства кои сме ги потиснувале во себе и сме не  имале храброст да ги споделиме. Вашите сведоштва/приказни ќе бидат инспирација за нашата театарска претстава, а анонимноста ќе ви биде зачувана. Театарот нѐ тера да погледнеме длабоко во себе и да го соочиме општеството со неговата искривена слика“, соопштуваат од „Wonderland Theatre“.

​Преку претставата режирана од Нела Витошевиќ, велат тие, сакаат да им дадат глас и лице на работите за кои не зборуваме и да мотивираме разговор и промена во општеството.

„Секоја приказна заслужува да биде раскажана, секоја стега отклучена и секоја неправда посочена“, соопштуваат од „Wonderland Theatre“.

Приказните може да се споделуваат ТУКА.