[Видео] Еко-активисти блокираа магацини на компанијата Амазон ширум Велика Британија

Активисти за заштита на животната средина блокираа магацини на компанијата Амазон ширум Велика Британија за да извршат притисок врз гигантот за е-трговија да ги подобри работните услови и да ги престане со деловните практики кои и штетат на животната средина, пренесува „Н1“.

Активисти од движењето „Extinction Rebellion“ блокираа 13 магацини на Амазон за да спречат испорака на 50 отсто од нарачките на компанијата за време на „Црн петок“, еден од најфреквентните денови во годината, кој неофицијално го означува почетокот на празничната шопинг сезона.

Тие го блокираа влезот на магацинот на Амазон во Тилбури, недалеку од Лондон. На влезот во дистрибутивниот центар на Амазон во шкотскиот град Данфермлјан околу 20 активисти поставија транспарент на кој пишуваше „Натерајте го Амазон да плати“ и ги спречија камионите да влегуваат и излегуваат.

Активистите бараат Амазон да обезбеди подобри услови за работа, да преземе јасни еколошки обврски и да го плати целиот износ на даноци.

„Оваа акција има за цел да го привлече вниманието на експлоататорските и еколошки деструктивни деловни практики на Амазон, занемарување на правата на работниците за профит и расипништвото на црниот петок“, велат од групата.

Амазон директно не ги коментираше протестните акции, но наведе дека „многу сериозно“ ги разбира своите обврски.

„Ова ја вклучува нашата посветеност за намалување на потрошувачката на јаглерод на нула до 2040 година, десет години порано од предвиденото со Парискиот климатски договор, обезбедување одлични плати и услови за работа во безбедно и модерно опкружување, како и поддршка на десетици илјади британски мали бизниси“, соопшти компанијата.