[Видео] Џим Морисон го предвидува создавањето на електронската музика во 1969

Долгогодишниот соработник на списанието Rolling Stone, Џери Хопкинс, во 1969 година направи интервју во Лос Анџелес со легендарниот Џим Морисон. Покрај тоа што е голем музичар, Морисон пишува, чита поезија и проза, заинтересиран е за режија, и иако беше ѕвезда немаше проблем да настапува во мали клубови како „Whiskey a Go Go“. Се на се, еден брилијантен ум. По неколку рунди виски и пиво, Џим се отворил пред Хопкинс и открил некои од неговите генијални идеи.

Токму во ова интервју со Џим ја предвидува појавата на електронската музика, што е само еден од низата докази за неговиот брилијантен ум.

„Многу луѓе, како Моцарт, биле чудо од дете. Такво нешто ќе се случи и во иднина. Некое брилјантно дете ќе стане популарно. Гледам уметници со многу ленти и електронски инструменти околу себе – како напредниот Могов синтисајзер, а звучат како цел оркестар. Таков некој веќе постои, работи во подрумот и смислува сосема нови музички форми“, вели Морисон.

„Ќе слушнеме за тоа по неколку години. Тој човек ќе биде многу популарен. Нема само да објавува албуми, туку ќе свири и на големите концерти“, додава музичарот во интервјуто за Rolling Stone.