Велосипедска прошетка на 2 октомври по скриените музеи во Скопје

„Одржливи иницијативи“ оваа сабота (2 октомври) ќе прави промоција на самоводечката, велосипедска прошетка по не толку познатите музеи и културни локалитетите во Скопје. Секој учесник ќе има можност со помош на мапа, напатствија за движење, и описи за локалитетите и музеите да посети и открива места за кои не секој знае каде се или што се.

Организаторите најавуваат дека ќе има две рути:

1.Низ централното градско подрачје, во должина од околу 5 км, во која ќе се посетат: Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружјеза време на НОВ 1941-1944 во Скопје; Куќата на Лазар Личеновски (од надвор); Музејот на МНТ; Музејот на старата скопска чаршија; и гранатата. За оваа рута доволен ви е обичен, било каков велосипед со катанец за заклучување. Рутата е претежно по велосипедски патеки, но има и мал дел каде се вози по нефреквентни улици.

2.Низ периферијата на Скопје, во должина од околу 35 км, во која ќе се посетат: Скупи, Римскиот аквадукт, Дендро паркот и Ботаничката градина. За оваа рута потребен ви е добар точак, пожелно да е планински точак бидејќи има делови каде се вози по земја. Рутата е претежно по велосипедски патишта, но има делови каде се вози по улица, а и точки каде се преминуваат прометни улици.

„Двете рути се со строго ограничен број на учесници, заради ограничениот капацитет на музеите, но и заради практикување анти-корона мерки. На промотивната прошетка покрај употребата на напатствијата ќе биде присутен и туристички водич на велосипед, односно редар“, велат од „Одржливи иницијативи“.

Учесниците е потребно да имаат:
-исправен велосипед со катанец за заклучување;
– да имаат потврда за вакцина, или потврда за неодамна прележан КОВИД-19, или потврда од тест дека немаат КОВИД-19.
– да имаат со себе маска или марама за покривање на устата и носот при влез во објектите;
– да ја инсталираат апликацијата izi.travel;
– да понесат лично шише со вода за пиење;
– поради времетраењето, може да понесат и лична ужинка.

Сите заинтересирани може да се пријават со праќање на порака преку Фејсбук или на contact@inicijativi.org.mk

Според организаторите, принципот е прв-пријавен, прв-услужен. Локацијата на чекање за почетокот на турата како и напатствијата за турата ќе бидат испратени само на учесниците.

„Тие кои што не можат да присуствуваат оваа сабота на настанот ќе може да ги посетат музеите и локалитетите индивидуално со употреба на напатствијата и апликацијата. Апликацијата и напатствијата ќе бидат достапни и бесплатни за јавноста по овој настан. Овој настан е можност учесниците да ги посетат музеите кои вообичаено не се отворени за викенд“, велат од „Одржливи иницијативи“.

Настанот се организира во согласнот важечките анти-корона мерки и протоколи. Сите потврдени учесници да го известат организаторот во случај на појава на симптоми на болест.

Проектот „Скриените музеи на Скопје“ е спроведуван со поддршка од Музеј на Град Скопје, а финансиски е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.