По претходната и претпретходната година кога се одржаа изложбите Просторни реадаптации 1.0 и 2.0. утре (21 септември, сабота) на Скопската плажа ќе се одржи изложбата Просторни реадаптации 3.0.
На изложбата ќе учествуваат повеќе автори кои имаат цел да ги претстават и иновативно да ги реадаптираат сопствените дела во склопот на Скопската плажа, од која што е оставена само металната конструкција како додаток за изложбено поигрување.
„Покрај тоа, очекувајте да ги погледнете и да ги доживеете овие трансформации на просторот од автори кои третираат разновидни уметнички дисциплини“, се вели во најавата за настанот.
Дел од третото издание се Ивана Ќ. Самандова, Ана Спасова, Доротеј Нешовски, Дарко Алексовски, Игор Таневски, Озбег Ајваз, Ана Трајковска, Филип Ивановски- Пепе и Дамјан Јанковски – автори кои ќе ја приближат уметноста до секојдневието на граѓаните и ќе овозможат поблиско запознавање на македонските уметници и различните изведби на денешната современа уметност.
Изложбата ќе се отвори во 20 часот и ќе трае до 23 часот.
Проектот е поддржан од Министерство за културa и туризам.