Изложбата „Модерна смрт“ во КИЦ

Со уметничко решение на прашањето „Како може да се дизајнира модерна смрт во 21 век“, уметниците Петар Миљковиќ, Симона Новаковиќ и Мартин Џепароски ја претставуваат заедничката изложба „Модерна смрт“.

Отворањето на изложбата е во среда (25 октомври) во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, со почеток од 20 часот.

„Покрај традиционалниот начин на уметнички израз и приказ, денес користење на технолошките иновации ни овозможи да создаваме впечатливи, извонредни и високоангажирани мултидистциплинарни уметнички дела. Мешаните медиуми jа создадоа идејата за изложба ‘Модерна смрт’“, стои во описот.

Изложбата ќе биде отворена до 7 ноември.