Уште една млада девојка убиена во Иран од страна на „полицијата за морал“, тврди нејзината мајка

Мајката на 16 годишната тинејџерка, Ника Шакарами која почина минатата недела за време на протестите во Иран ги обвинува властите за нејзината смрт.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, Насрин Шакарами изјавила дека видела повреди на телото на нејзината ќерка што се спротивставува на тврдењето на властите дека Шакарами починала откако некој вработен ја турнал од осумкатницата каде таа побегнала од полицијата на 20 септември – денот на нејзиното исчезнување.

„Надлежните ги повикаа на разговор моите вујковци и други членови од фамилијата и им кажаа дека доколку мајката на Ника не излезе и не ги каже јавно работите што ние сакаме да ги каже, всушност ако не ја раскаже верзијата што ние ја смисливме тогаш ќе преземеме други мерки“, изјавила Насрин раскажувајќи за заканата што ја добила.

Во меѓувреме, официјалниот форензички извештај покажува дека девојката починала од болест. Сепак семејството и натаму тврди дека девојката била претепана од „полицијата за морал“.

Шакарими беше приведена на 13 септември во Техеран со причина дека го прекршила законот што им налага на жените да носат хиџаб или марама на глава. Полицијата негира дека девојката била тепана и наведува дека починала од срцев удар.

Групите за човекови права велат дека во протестите организирани во знак на револт за смртта на 22 годишната Махша Амини откако таа беше претепана од „полицијата за морал“ поради својата одлука да не ја покрива главата со марама, досега биле убиени 150 луѓе, а илјадници се уапсени.

Смртта на Ника Шакарими стана еден од најпрепознаените случаи на убиени млади луѓе за време на протестите. Покрај за овој случај, властите негираат дека се одговорни за смртта на уште една 16 годишна девојка, Сарина Есмаилзадех, за која е познато дека починала откако била претепана со палки по глава од страна на безбедносните сили на 23 септември за време на протестите во североисточниот дел на Иран.

Масовните протести во Иран започнаа на 17 септември, денот кога беше погребана Махша Амини. Оттогаш, беа направени неколку обиди за спречување од страна на иранските власти кои користеле муниција, полициска бруталност врз демонстрантите, но и онлајн цензура преку забранување на социјалните апликации

Но, демонстрантите сè уште излегуваат на улиците.

Продолжуваат протестите во Иран и покрај обидите за нивно загушување