Училишната директорка што даде оставка поради „Давид“ од Микеланџело ја посети Фиренца

Училишната директорка Хоуп Караскила, која си поднесе оставка откако родителите во американско училиште се побунија дека скулптурата „Давид“ од Микеланџело е „порнографија“, ја посети Италија и познатото уметничко дело на покана на градоначалникот на Фиренца и директорката на музејот.

Караскила, поранешната директорка од Класичното училиште во Талахаси, Флорида, го посети музејот „Galleria dell’Accademia“ во Фиренца, каде освен „Давид“ од Микеланџело, можат да се видат и значајно влијателни уметнички дела од 14 до 18 век.

„Гардијан“ пренесува дека поканата на градоначалникот Дарио Нардела следи откако Караскила си даде оставка по ултиматум од управниот одбор на кампусот, кој побарал од неа да поднесе оставка или да биде отпуштена поради родителска жалба.

Родителите на учениците од шесто одделение се пожалиле бидејќи на час им била покажана скулптурата „Давид“ од Микеланџело, едно од најпознатите дела на ренесансната уметност, од шеснаесеттиот век, велејки дека е „порнографија“.

„Да се помеша уметноста со порнографија е навистина смешно. Лично ќе ја поканам професорката во Фиренца за да ѝ се заблагодарам во името на градот. Уметноста значи цивилизација и секој кој ја подучува заслужува почит“, напиша Нардела.

Училишна директорка во Флорида си даде оставка – родители се побунија дека скулптура е порнографија