[Галерија] Италијански уличен уметник црта мурали со пораки на надеж низ Украина

Уличниот уметник од Италија познат како „Ти-ви бој“ изминатиов период црташе повеќе мурали со пораки на надеж и слобода во градовите на северот од Киев, каде беа извршени некои од најтешките воени злосторства по руската инвазија на Украина која започна на 24 февруари.

Меѓу впечатливите мурали има дете кое става сончоглед во цевка на пушка, жолто-син гулаб нацртан на уништено оклопно возило, цветови кои растат од воен шлем, како и две момчиња кои играат фудбал додека на нивните дресови пишува „Надеж“ и „Слобода“.

„Само откако ја посетив Украина навистина ја сфатив силата и храброста на нивните луѓе. Сакав да оставам печат од моето патешествие во знак на почит за жртвите од оваа војна низ улиците на Киев, Буча и Ирпин, градовите кои беа жестоко погодени од руските напади. Пораката на секое од делата е порака на повторно раѓање и надеж, со желба конфликтот да заврши што е можно побрзо“, напиша уметникот на својот Фејсбук профил.

Фотографии: tg24.sky.it