„Боженствената комедија“ од Данте Алигиери ќе се слуша и во вселената

Во „Боженствената комедија“, Данте раскажува за патување низ пеколот, чистилиштето и рајот. Но делото наскоро ќе има свое боженствено патување, пренесува „Euronews“.

Италија го слави јубилејот од 700 години по смртта на поетот, а неговото ремек-дело ќе замине во вселената.

Издавачка компанија во Болоња, специјализирана за уметнички книги, успеа да убеди пет вселенски агенции да ја испратат „Боженствената комедија“ во Интернационалната вселенска станица, а потоа да ја пуштат во вселената.

Италија му оддава почит на Данте Алигиери кој починал во азил во Фиренца на 13 септемви 1321 година. По повод јубилејот, ќе се одржат многу музички и гала концерти, изложби и драмски читања во специјално избрани територии ширум Италија. Папата Франциск ќе напише свој говор, во кој ќе ја разгледува врската помеѓу Данте и римската католичка црква.