Ученици од Базел фалсификувале тест за Ковид-19 за да не одат на училиште

Тројца средношкоцли од швајцарскиот град Базел фалсификувале позитивни резултати на тестови за Ковид-19 за да не одат на училиште, поради што целото одделение било ставено во карантин, а против сторителите по откривањето на постапката е покрената дисциплинска постапка.

Тие преку швајцарската апликација за контакти со лица заболени од Ковид-19 фалсификувале СМС пораки, а 25 нивни соученици морале да останат во своите домови 10 дена.

„Ова не е само детски трик, туку сериозен инцидент“, изјави Симон Тириет, портпарол на одделот за образование во Базел.

Училиштето планира да поднесе кривична пријава за фалсификување на „здравствени документи“, но нема намера да ги избрка учениците.

Тириет истакна дека учениците биле во „поинаква ситуација“ поради пандемијата, но дека тоа не може да биде изговор за стореното дело од страна на тројцата средношколци.