1.158 новозаразени и 19 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се потврдени 1.158 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 353 случаи во Скопје – 353, Гостивар – 216, Тетово – 122 ,Кичево – 71, Струмица – 69, Куманово – 57, Струга – 42, Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, Велес и Гевгелија – по 13 и по 10 во Кочани и Ресен.

Потоа, регистрирани се 9 случаи во Свети Николе, Кратово – 8, Пробиштип и Македонски Брод – по 6, Богданци – 5, Берово и Виница – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2 и по 1 во Неготино, Крива Паланка, Крушево, Демир Капија и Дојран.

Пријавени се 19 починати лица, односно, по 6 починати лица од Тетово на 54, 65, 74, 74, 79 и 84, по 5 починати лица од Гостивар на 66, 66, 67, 69 и 71, по 3 починати лица од Куманово на 54, 78 и 85 години и по едно починато лице од Скопје на 61 година, во Струмица на 54 години, Струга на 60 години, Свети Николе на 83 години и Валандово на 85 години. Од починатите лица 18 пациенти  се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Регистрирани сe 166 оздравени пациент од: Скопје – 39, Тетово – 38, Кичево – 16, Куманово – 13, Гостивар и Струмица – по 10, Кавадарци – 6, Битола, Велес, Берово и Дебар – по 5, Прилеп, Кочани, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 165.684, бројката на оздравени пациенти е 151.401, на починати е 5.608, а бројот на активни случаи изнесува 8.675“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.086.075 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.256 тестови.