325 новозаразени, 11 оздравени и 1 починат од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информираше дека во последните 24 часа се потврдени 325 нови случаи на Ковид-19. Регистриран е 101 случај во Скопје, 95 во Тетово, 43 во Гостивар, 26 во Куманово, 10 во Струга, по 7 во Охрид, Дебар и Кичево, по 4 во Прилеп, Кочани и Македонски Брод, по 3 во Струмица, Радовиш и Пехчево, по 2 во Кавадарци и Штип и по 1 случај е регистриран во Битола, Велес, Берово и Виница.

Регистрирани сe 11 оздравени пациенти, а починато е едно лице од Битола на 55-годишна возраст.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 5.959 тестови.