Твитер намалува вработени кои надгледуваат глобално модерирање содржина

Твитер направи кратења на својот тим за доверба и безбедност задолжен за меѓународна модерација на содржината, како и единицата која го надгледува говорот на омраза и вознемирувањето, објави Блумберг.

Овој потег ја зголемува долгата загриженост дека новиот сопственик Илон Маск ја укинува регулативата на компанијата за содржини со омраза и дезинформации.

Со Маск на чело, Твитер претрпе криза во односите со јавноста со отпуштања, оставки, пад на приходите, неволни огласувачи и тужби за неплатени сметки.

Последниот круг на намалувања погоди десетина луѓе во канцелариите на Твитер во Даблин и во Сингапур, изјавија извори за Блумберг. Меѓу нив беа Аналуиса Домингез, виш директор за политика на приходи на Твитер и Нур Азхар Бин Ајоб, неодамна ангажираниот шеф за интегритет на страницата за азиско-пацифичкиот регион.

Отпуштени се и вработени во Твитер задолжени за политика на дезинформации, глобални апели и државни медиуми.

Шефот за доверба и безбедност на Твитер, Ела Ирвин, потврди за Блумберг дека неколку членови на тимовите се отстранети, додека негираше дека намалувањата се насочени кон други области.

„Пологично беше да се консолидираат тимовите под еден лидер (наместо двајца)“, изјави Ирвин, додавајќи дека Твитер ги отстрани улогите во областите во компанијата кои немале доволно „волумен“ за да гарантираат поддршка.

Ирвин рече дека Твитер ќе продолжи да има раководител на политиката за приходи и шеф на азиско-пацифичкиот регион за доверба и безбедност. Таа, исто така, рече дека компанијата го зголемила персоналот во одделот за жалби.

Како што пишува Гардијан, Маск беше во потрага за ремонт на Твитер од неговото преземање од 44 милијарди долари во октомври. Милијардерот претприемач ја изложи својата визија за „дигитален градски плоштад“ кој го заштитува слободата на говорот и здравата дебата. Тој, исто така, тврди дека штетната содржина се намалила на платформата од неговото стекнување.

Но, истражувачите и поборниците за права открија навреди, реторика со омраза и злонамерни содржини кои напредуваа на Твитер откако дојде Маск. Додека забранетите сметки на екстремно десничарски реакционери беа вратени, неколку истакнати технолошки новинари се најдоа накратко суспендирани од Твитер минатиот месец.

Во петокот, Ен-Би-Си Њуз објави дека постојат најмалку десетици Твитер сметки кои нудат продажба или трговија со материјали за сексуална експлоатација на деца, проблем што Маск претходно рече дека ќе го направи приоритет.

Минатиот месец, Ројтерс – повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање – објави дека Маск лично наредил отстранување на функцијата што промовира ресурси за спречување самоубиства на корисниците кои бараат одредена содржина.