Тројца добитници на Нобеловата награда за економија за истражување на финансиски кризи

Шведската кралска академија одлучи да ја додели Нобеловата награда за економија за 2022 година на Бен Бернанке, Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг за „истражување на банките и финансиските кризи“, пренесува Н1.

Како што наведе Нобеловиот комитет, истражувањата на овогодинешните лаурети по економија го намалуваат ризикот од финансиски кризи кои се развиваат во долгорочни депресии со сериозни последици по општеството, што е од најголемо значење за сите нас.

Во образложението се вели дека работата за која се наградени Бернанке, Дајмонд и Дибвиг била клучна за последователно истражување кое го унапреди нашето разбирање за банките, банкарските регулативи, банкарските кризи и како може да се решат финансиските кризи.