Сванте Пабо ја доби Нобеловата награда за медицина за секвенционирање на геномот на Неандерталецот

Шведскиот генетичар Сванте Пабо е добитникот на Нобеловата награда за физиологија и медицина за 2022 година.

Тој наградата ја добива поради откритијата поврзани со геномите на изумрените хоминини и човечката еволуција.

Неговото истражување роди целосно нова научна дисциплина – палеогеномика. Преку откривањето на генетските разлики кои ги разликуваат денешните луѓе од изумрените хоминини, неговиот труд овозможува основа за истражување околу тоа кои се главните карактеристики кои нас не прави да бидеме луѓе.

„Преку неговите пионерски истражувања, Сванте Пабо оствари нешто што изгледаше невозможно – секвенционирање на геномот на Неандерталецот, изумрениот предок на денешните луѓе. Тој исто така направи сензационално откритие на претходно непознатиот хоминин, Денисовецот. Важно е тоа што Пабо откри дека генетскиот пренос од овие, сега изумрени хоминини, на Хомо сапиенсот се случил по миграцијата од Африка пред околу 70.000 години. Овој прастар пренос на гените до денешните луѓе има психолошка релевантност денес, на пример преку влијание на тоа како нашиот имунитет реагира на инфекции“, стои во образложението на Нобеловиот комитет.

Pääbo's discoveries

Пабо покрај признанието ќе добие и парична награда во вредност од 10 милиони шведски круни, односно нешто помалку од милион евра.