Триесет и пет луѓе изработуваат нов мурал на надворешниот ѕид на МКЦ

Откако „муралистички“ прославивме 1/4 век официјална независна Македонија (со муралот на ЗЕРО), ред е да ја славиме и првата пушка во Куманово и Прилеп. Се разбира, „муралистички“, соопштуваат од Младинскиот културен центар (МКЦ).

Новиот мурал е започнат на надворешниот ѕид на МКЦ. Тој се изработува на површина од 120 метри квадратни. Тема на муралот е „индоктринација” или: методите и последиците на вбризгувањето идеологија и доктрина во сферата на културата, образованието, религијата, политиката, медиумите, претприемништвото, земјоделството…

Во изработката на муралот учествуваат 35 луѓе: Иван Ивановски, Јана Јакимовска, Игор Тошевски, Атанас Ботев, Никола Радуловиќ, Милан Андов, Филип Велковски, Ана Јовановска, Сања Симоска, Бранкица Јордановска, Владимир Лукаш, Сали Ертунч, Зорица Зафировска, Перо Кованцалиев, Инес Ефремова, Ненад Тонкин, Горан Дачев, Маја Кировска, Миле Ничевски, Кристина Божурска, Марија Сотировска, Ване Костуранов, Марко Јанев, Шкипе Мехмети, Филип Јовановски, Анастасија Величковска, Љубиша Камењаров, Никола Анѓеловски, Иван Галовски, Крунислав Стојановски, Вук Митевски, Горан Менков, Мирослав Стојановиќ – Шуки, Ели Чочова и Ѓорѓе Јовановиќ.