Три нови изведби на „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во МКЦ

Во Џебното кино на МКЦ на 3-ти, 4-ти и 5-ти септември со почеток во 21 часот ќе биде изведена независната театарска претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“.

Тоа е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер.

Ја раскажува приказната за растењето, носејќи соништа за себеостварување и соочување со општествените механизми на функционирање. Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.

Режијата е на Билјана Радиноска, во претставата играат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска.

Билетот за претставата чини 300 денари.