Трамп, Меркел и ултрадесничарските лидери исмеани на годишниот карневал во Германија

Пародија и сатира на речиси секој значаен настан во текот на изминатата година можеше да се забележи на овогодинешното издание на карневалот Розенмонтаг во Германија. Дел од маските беа инспирирани од претседателството на Доналд Трамп, подемот на популистичките чувства и забележаниот пад на демократијата.

Фестивалот се одржува шест дена низ повеќе градови, а годинава помина мирно, со зголемена мерките за безбедност.

Организаторите на карневалот традиционално не се воздржаа од критикување на светски лидери. Маските со ликот на Доналд Трамп беа главна атракција. Една од нив беше како Трамп ја присилува Статуата на слободата на сексуален однос.

Креаторот на оваа градба најверојатно е инспириран од обвиненијата против првите чекори на Трамп откако влезе во канцеларија, вклучувајќи ја забраната за патување луѓе од седум муслимански земји. Визбаден, исто така, ја претстави својата верзија на односите меѓу Трамп и Статуата на слободата.

Меѓу маските можеа да се забележат и ликовите на Марин ле Пен, Виктор Орбан, Хитлер…

Турскиот претседател Ердоган се појави во Дизелдорф, облечен во традиционална носија посочувајќи со прстот кон кловн, нарекувајќи го терорист. Инсталацијата потсетува на дипломатскиот спор што избувна откако комичарот Јан Боемерман прочита навредлива песна за Турци во неговата емисија. Комичарот беше обвинет со одобрение на Ангела Меркел и предизвика критики во јавноста. На крајот, на Боемерман му беше забрането да рецитира неколку стихови за кои судот заклучи дека се навредливи.

Розенмонтаг се слави во повеќе држави каде има германско население како Австрија, Швајцарија и Белгија. Празникот е особено популарен во градовите Келн, Бон, Дизелдорф, Ахен и Мајнц. Луѓето имаат традиција да се маскираат, да делат слатки за деца, да танцуваат и да учествуваат во паради.