• Youtube
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
Радио МОФ
Мени
  • Вести
    • Вести
    • Граѓани
    • Образование
    • Култура
    • Музика
    • Кампањи
    • Наука
    • Shqip
    • Лабаво
    • Став
    • За Вас
  • Видео
  • Подкасти
  • #МЛАДИ
  • Образование
  • Култура
  • Анализи
  • Истражувања
  • Shqip
  • #МладинскиГлас
Се наоѓате на:Дома»Вести»Тоблероне ќе мора да го менува логото бидејќи не е повеќе целосно швајцарски продукт

Тоблероне ќе мора да го менува логото бидејќи не е повеќе целосно швајцарски продукт

Фото: Ashley Pomeroy / Википедија

06/03/2023 - 12:20 Вести, Лабаво

Компанијата Тоблероне ќе мора да го отстрани врвот Матерхорн од нивните амбалажи откако дел од производството на нивните чоколади ќе се префрли од Швајцарија во Словачка.

Чоколадите во облик на пирамиди, кои се инспирирани од овој врв на Алпите, ќе го ребрендираат логото соопштија од американската компанија Монделез, во чија сопственост се наоѓа брендот Тоблероне. Оттаму велат дека сликата на врвот висок 4.478 метри ќе биде заменета со генерички планински врв.

Компанијата е приморана на овој чекор поради строгите правила за швајцарски домашни производи кои се на сила од 2017 година. Според нив, националните симболи не смеат да бидат прикажани на млечни производи кои не се изработуваат ексклузивно во Швајцарија. За другите видови на сирова храна, оваа граница е најмалку 80%.

Во одговор испратен до Би-Би-Си од Монделез велат дека го префрлаат дел од нивното производство надвор од земјата за да „одговорат на зголемената светска побарувачка и да го развијат брендот на Тоблероне за иднината“.

Тие велат дека новата амбалажа ќе има различно лого и дизајн кој ќе го вклучува потписот на сопственикот на чоколадната компанија, Теодор Тоблер.

Чоколадото во форма на планини, кое традиционално се изработува од швајцарско млеко со мед и мешавина од лешници и бадеми, за првпат беше пуштено во продажба во 1908 година во Берн, главниот град на Швајцарија. Сепак, дури во 1970 година на амбалажата на овој производ се појави врвот Матерхорн.

Во 2016 година Тоблероне предизвика контроверзии откако реши да го промени дизајнот на чоколадото оставајќи поголемо растојание помеѓу карактеристичните триаголници во обид да ги намали трошоците. По јавните критики, две години подоцна компанијата го врати стариот изглед на чоколадото.

  • Tweet
  • Share 0
  • Reddit
  • LinkedIn 0

МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Швајцарците излегуваат на референдум за ковид сертификатите Татко од Швајцарија штрајкуваше со глад 39 дена поради климатските промени Швајцарците на референдум одлучуваат дали ќе забранат тестирање врз животни 4.550 седишта и седум возачи: Швајцарски воз го урна рекордот за најдолг патен воз на светот
  • Популарно

    • Most Viewed
    • Почнува новиот „Д Фестивал“ - сите важни информации на едно место
    • Пендреци на грбот на студентите во Србија: Кога сѐ полицијата ги злоупотреби и пречекори своите овластувања
    • [Став] Годишно на патиштата и јавните простори ни се случуваат по две дискотеки „Пулс“
    • Мицкоски: Размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети
    • Кучето Феликс било убиено затоа што мавтало со опашката, реагира ЗХГ и бара максимална затворска казна за обвинетите
    • НОВО
    • За Вас
    • Lajme në gjuhën shqipe
    • 05/07/2025 0 Пендреци на грбот на студентите во Србија: Кога сѐ полицијата ги злоупотреби и пречекори своите овластувања
    • 05/07/2025 0 Возачот кој со мотоцикл уби пешак доби куќен притвор
    • 05/07/2025 0 Законот за верски училишта е противуставен, реагира Мрежа за заштита од дискриминација и бара негово итно повлекување
    • 05/07/2025 0 Најмалку 24 мртви во катастрофални поплави во Тексас, исчезнати се и над 20 девојчиња од летен камп
    • 05/07/2025 0 Маргини: Масовната миграција е резултат на економска несигурност, корупција, непотизам и институционален колапс
    • 17/06/2025 0 Наградата за младинско учество се враќа, пријавувањето трае до 30 јуни
    • 13/06/2025 0 „БЕСТ Скопје“ организира летен академски курс за роботика „Powerpuff Robots: Circuits, Sparks and Everything Smart“
    • 16/05/2025 0 Отворен повик за млади за работилница во склоп на „Drim Short Film Festival“
    • 06/05/2025 0 МОН распиша конкурс за есеј за основци и средношколци по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик
    • 25/04/2025 0 Повик за бесплатна менторска програма за млади фотографи
    • 19/06/2025 0 Млади правници започнуваат иницијатива за унапредување на правдата за децата во Македонија
    • 17/06/2025 0 Наградата за младинско учество се враќа, пријавувањето трае до 30 јуни
    • 14/06/2025 0 ЗНМ: Новинарството не е злосторство – Стоп за SLAPP тужбите
    • 13/06/2025 0 Граѓански иницијативи: Изборниот законик стана оружје против независните
    • 12/06/2025 0 Министерството за здравство три месеци не одговорило на барањата на дијабетичарите, сега се обраќаат до новиот министер
  • Радио моф на FACEBOOK

    Радио МОФ
  • Радио МОФ на TWITTER

    Tweets by @RadioMOF
  • Радио МОФ на Instagram

    View this post on Instagram

    A post shared by Instagram (@instagram)

    Powered by embedinstagramfeed & the impossible quiz 2 question 7
  • За нас
  • Програма
  • Импресум
  • Контакт
Радио МОФ е непрофитен медиум. За да ви обезбедиме објективно и професионално информирање добиваме поддршка од повеќе организации. Содржините објавени на медиумот не ги изразуваат нивните ставови или ставовите на Младински образовен форум и се професионални медиумски содржини креирани од редакцијата на Радио МОФ.