4.550 седишта и седум возачи: Швајцарски воз го урна рекордот за најдолг патен воз на светот

Швајцарска железничка компанија го урна рекордот за најдолг патен воз, откако во саботата во земјата се славеше 175тата годишнина од Швајцарските железници. По тој повод, своја рута имаше воз составен од 4.550 седишта, кој го возеле седум возачи, пишува „Еуроњуз“.

Рутата на возот траела еден час, а целата рута била посетена од локални жители кои го поздравувале на неговиот пат од 25 километри низ Алпите. Возот патувал низ областите Албула и Бернина, заштитени од УНЕСКО.

Рутата се смета за една од најспектакуларните возни рути благодарение на природните убавини на Алпите – бидејќи поминува низ многу планински градови, аквадукти и мостови.

Уривањето на рекордот било дел од годишнината на Швајцарските железници, но и со цел да се покажат природните убавини на Алпите.

„Железниците се соочија со проблеми за време на пандемијата од КОВИД-19, па изгубивме 30 отсто од заработката. Се обидовме да најдеме начин за да ја запознаеме светската јавност со убавата возна рута заштитена од УНЕСКО“, изјавил Ренато Фасциати, директор на железницата.

Најдолгиот воз бил составен од 25 индивидуални возови, со должина од околу два километри. По остварувањето на рутата, возот ќе се расклопи, а возовите ќе бидат искористени за редовен железнички сообраќај.