Театарот „Сенки и облаци“ во петок ќе ја одигра претставата „ЏИНче“

Театарот „Сенки и облаци“ во петок (29 март) од 19 часот ја најавува „ЏИНче“ – театарска претстава за деца со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет.

„Претстава за искреното другарство, кое сите предрасуди ги фрла во ‘сенка’. Ќе ве однесеме на една авантура низ градот на сладоледите, ќе пловиме со еден чуден капетан, ќе јадеме бурито во Мексико и ќе се дружиме со една откачена Лисица-Мисица“, соопштуваат од „Сенки и облаци“.

Претставата е работена по мотиви од книгата „Најдобриот џин во градот“ од Џулија Доналдсон.

„Проект (не)зависен од никого, освен од љубовта на Театар ‘Сенки и облаци’ и добрата воља на нашите пријатели!“, велат од театтарот.

Сенкаши во претставата се Филип, Кате, Даре, Родне, Александра, Круме.

Претставата е наменета за деца над 4 години. Препорачана донација за присуство е 250 денари.

За присуство, задолжителна резервација во инбокс на Фејсбук-страната на „Сенки и облаци“.