Театар „Сенки и облаци“ настапи пред публиката во Москва

„Алиса и чудата“ e претставата која Театар „Сенки и облаци“ ја изведе пред московската публика. На сцената на Московскиот детски театар на сенки, единствениот руски професионален државен театар за сенки кој постои дури 80 години, од 12 до 15 ноември се одржа 3-тиот Меѓународен фестивал на сенки. Фестивалот беше отворен со спектаклот „Никогаш ненапишана приказна“ посветен на 200-годишнината од раѓањето на Фјодор Михајлович Достоевски.

Од Театарот велат дека обете изведби на „Алиса и чудата” поминале со полна сала публика, меѓу кои имало и деца и ворзасни, а претставата добро поминала кај критиката и руските медиуми.

Гостувањето на претставата „Алиса и чудата“ во руската престолнина е поддржано од Министерството за култура.

Традиционално во ноември се одржуваше и „Сонот на облачето“ интернационален детски фестивал на театар на сенки, чие јубилејно 10-то издание организаторот Театар „Сенки и облаци“ го најавува за пролетта 2022 година. Ова е најстариот театарски фестивал за деца во нашата држава и единствен од ваков тип во југоситочна Европа.