„Сенки и облаци“ објави повик за уметнички дела од лица со попреченост

Под мотото „Затоа што секој може да биде уметник“, „Сенки и облаци“ објави повик за уменички дела од лица со попреченост кои ќе бидат дел од новата претстава со сенки на овој театар.

„Ги покануваме сите деца и возрасни со видлива или невидлива попреченост кои имаат афинитети кон творење и уметност да учествуваат на Повикот!“, велат од „Сенки и облаци“.

Од таму посочуваат дека од пристигнатите пријави, ќе бидат одбрани најмногу 10 уметници – лица со попреченост со кои ќе потпишат договори за соработкa.

„Тие ќе станат дел од креативниот истражувачки процес за создавање нова инклузивна претстава со сенки, а 2-ца од избраните уметници ќе ни се придружат на фестивалско гостување во градот Печ, Унгарија! Сите останати учесници ќе бидат вклучени во колективна уметничка изложба во Театар ‘Сенки и облаци’ во текот на 2023 година“, стои во повикот.

Повикот трае до 31 јануари, а повеќе информации може да најдете ТУКА.