Претставата „ЏИНче“ утре во театарот „Сенки и облаци“

Театарот „Сенки и облаци“ за утре (28 септември) од 19:30 часот ја најавува „ЏИНче“ – театарска претстава за деца со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет.

„Претстава за искреното другарство, кое сите предрасуди ги фрла во ‘сенка’. Ќе ве однесеме на една авантура низ градот на сладоледите, ќе пловиме со еден чуден капетан, ќе јадеме бурито во Мексико и ќе се дружиме со една откачена Лисица-Мисица“, стои во најавата.

Претставата е работена по мотиви од книгата „Најдобриот џин во градот“ од Џулија Доналдсон.

„Проект (не)зависен од никого, освен од љубовта на театар ‘Сенки и облаци’ и добрата воља на нашите пријатели“, велат од театарот.

Претставата е наменета за деца над 4 години.

Задолжителна резервација во инбокс на ФБ-страната на театарот. Препорачана донација е 250 денари.

Сенкаши се Филип, Кате, Даре, Родне, Александра и Круме. Музиката е на Пеџа и Влад, а плакати – Ивона и Пеџа.