Отворен кастинг за деца за претстави на театарот „Сенки и облаци“

Театар „Сенки и облаци“ објавува кастинг за деца за учество во две претстави работени според лектирни дела, кои ќе бидат реализирани во театарот.

„Потребно е да имате желба за да настапите на нашата сцена во театарчето ‘Сенки и облаци’ во Дебар маало. Повеќето детски содржини кои се произведуваат последнава година се базираат на снимени материјали и немаат вистинска интеракција со публиката. Театарот по дефиниција е медиум кој нема реприза, тој се случува сега и тука и никогаш нема да се повтори истото дејство, без оглед на се’. Децата мораат да се чувствуваат ценети и сослушани и да им се даде простор за креативни игри, а театарот на сенки е алатка токму за тоа. На тој начин лектирите од перцепција на обврска ќе се согледаат како задоволство. ’Морам’ ќе стане ‘САКАМ’!“, се вели во повикот на „Сенки и облаци“

Се работи за следните претстави:

Претстава бр.1 ПИНОКИО од Карло Колоди/ изборна лектира за петто одделение.
Возраст : 7-11 години.
Денови за проби: Четврток и Сабота од 17:30 – 19:00 часот.
Предходно искуство: Не е потребно

Претстава бр. 2 ШАРМЕРИ ОД ОСМО од Велко Неделковски/изборна лектира за осмо одделение.
Возраст : 12 – 14 години.
Денови за проби: Четврток и Сабота од 19:00 – 20:30 часот.
Предходно искуство: Не е потребно

„Родителите на прва проба ќе бидат известени за методот на работа, домашните задачи, потребни материјали како и очекуваните резултати. Пробите ќе започнат на 7ми октомври и ќе завршат со изведба пред публика на 9ти ноември. Учеството е бесплатно и е на принцип на претходно пријавување на дете на телефонскиот број 078/440810 или во порака на ФБ страната на Сенки и облаци. Пријавувањето трае до 5ти октомври“, се вели во повикот.