Талибанците издадоа декрет за женски права

Талибанската влада издаде декрет според кој жените во Авганистан не може да се поседуваат, а исто така тие мора согласно да стапат во брак.

Според најновиот дикрет на воената група, Талибанците сè уште ги немаат усвоено основите права за жените, како право на образование и работа надвор од нивните домови.

Талибанците ја држат власта во Авганистан повеќе од три месеци.

„Жената не може да се поседува, таа е слободна. Жената не може да се разменува“, изјавил талибанскиот портпарол Забихула Муџахид.

Во последниот декрет исто така се носи закон за сопствеништво, а според него, вдовиците имаат право на наследство на имот од починатиот сопруг.

Отсега, судовите треба да ги имаат предвид новите закони од декретот.

Новите закони се усвојуваат во време кога воената група е интернационално е критикувана поради потиснувањето на човековите права, кое го вклучува и изгубеното право на образование на жените.

Авганистанците се соочуваат и со пропаднатата државна економија. Приморани од огромните долгови и глад, жителите ги продаваат своите ќерки во замена за пари, а понекогаш ги ветуваат и своите новороденчиња.